Скопје

(Видео) Прости ни Скопје: „Нашиот Петре, а околу него, мизерија“

Скопјанецот Томислав Цветкоски во видео снимено околу Македонскиот народен театар, покажа како се третира јавното добро. Искршена ограда, купишта отпад.

„Нашиот Петре, а околу него, мизерија“, вели тој.

Потоа, снимката продолжува на мостот кој води кон другата страна на кејот на Вардар. А низ него, освен отпад имало и кучешки измет.

„Мизерија!“, повторува тој.

Нехигиената во Скопје е проблем кој трае подолг период. Не е првпат да се алармира за несредени јавни површини, како градски, така и општински. Неретко имаше поплаки дури и за несобрано ѓубре од по улиците кое се трупаше околу контејнерите.

На почеток