Украински пратеник: Разговорите меѓу САД и Русија ќе се само увертира, ако не бидеме вклучени


Украина мора да биде на преговарачка маса, изјави утринава за Sky News украинската пратеничка Лесија Василенко, пред разговорите меѓу САД и Русија.
Василенко рече дека доколку Украина не биде вклучена во планираните преговори, овие разговори би можеле да бидат „само увертира за мировниот процес“ што американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го постигне.
За предлогот на британскиот премиер Кир Стармер да испрати британски војници во Украина доколку се постигне мировен договор со Русија, Василенко рече дека тоа е „одлична вест, но и малку задоцнета“.
„Ќе помогнеше ако британските, француските и германските војници беа присутни многу порано“, додаде таа.
Таа истакна дека се уште има многу неодговорени прашања во врска со мировната мисија на ОК, како на пример кои граници ќе се надгледуваат и кои области.
Таа нагласи дека нејзините коментари не биле критика на Британија, туку сакала да ги знае околностите околу предлогот на Стармер, додавајќи дека Британија се покажала како најсигурен сојузник на Украина.
