Македонија

Приватна компанија ни донира 1 милион евра за имаме почист воздух во болниците, градинките, училиштата

„Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница. Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра“, напиша премиерот Христијан Мицкоски и додава:

„Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за најранливите категории: Во градинките, училиштата, болниците и другите јавни установи каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење. Оваа иницијатива не само што ќе го подобри квалитетот на воздухот во јавните установи, туку и ќе помогне во креирање на поздраво општество.

Воедно продолжуваме дијалог со претставниците на германската Mann+Hummel, кои деновиве со тимот на Владата и Екотип ја анализираат можноста за понатамошна соработка со фокус на долгорочни иницијативи и заеднички развојни перспективи.
Ваквите примери нека бидат повик за акција, секој придонес, мал или голем, е чекор кон поздраво општество!“.

На почеток