Свет

Американците испратија прашања до европските влади во врска со Украина: Прочитајте што точно ги интересира

Соединетите Држави им испратија на европските влади серија прашања за тоа што им е потребно од САД за да обезбедат безбедносни гаранции за Украина, пишува Ројтерс.

Портпаролот на Стејт департментот вели дека Вашингтон јасно соопштил дека очекува неговите европски партнери да преземат водство во воспоставувањето на безбедносна рамка.

– Ги очекуваме нивните предлози, велат од Вашингтон.

Ројтерс имаше пристап до прашањата што САД ги испратија до европските земји.

1. Што сметате дека е безбедносна гаранција или гаранција што Европа ја поддржува, а која би послужила како доволна одвраќање за Русија, истовремено обезбедувајќи дека конфликтот ќе заврши со трајно мировно решение?

2. Кои европски или трети земји мислите дека би можеле да учествуваат во таков аранжман? Дали има земји кои би биле незаменливи? Дали вашата земја би била подготвена да распореди свои војници во Украина како дел од мировното решение?

3. Ако воените сили од трети земји треба да бидат распоредени во Украина како дел од мировниот договор, колкава би била потребната големина на таквите сили предводени од Европа? Како и каде би биле распоредени овие сили и колку долго?

4. Какви активности треба да бидат подготвени да преземат САД, сојузниците и партнерите доколку Русија ги нападне овие сили?

5- Кои барања за американска поддршка би ги сметала за неопходни вашата влада за нејзиното учество во овие безбедносни аранжмани? Кои краткорочни и долгорочни ресурси ќе бидат потребни од САД?

6. Кои дополнителни способности и опрема е подготвена да и ги обезбеди вашата влада на Украина за да ја подобри својата преговарачка позиција и да го зголеми притисокот врз Русија? Што друго е подготвена да направи вашата влада за да ги зголеми санкциите кон Русија, се некои од тие прашања, пренесува Ројтерс.

На почеток