(Видео) Токму мајката, а не таткото, прва известила дека можно е Вања да е киднапирана, вели Туфегџиќ


Адвокатот Владимир Туфегџиќ тврди дека мајката Зорица Ѓорчевска прва ја известила јавноста дека има сомнеж дека Вања е киднапирана, доставувајќи докази од медиумски написи со нејзина изјава. Со ова, тој цели кон побивање на тврдењата на Обвинителството дека првиот сомнеж го имал Александар Ѓорчески, со кои, обвинителот сака да докаже дека Ѓорчевски помогнал во грабнувањето на сопствената ќерка. Тој кажа дека целото семејство имало различни размислувања, ама во таа насока.
„На Александар не може да му се импутира ниту да му се става на товар дека тој е првиот што се посомневал дека детето е киднапирано. Тоа бил општ впечаток на семејството, имало различни размислувања и стравувања во таа насока што е многу природно, во една ваква состојба на работите“, рече Туфегџиќ.
Според него, не може да му се става на товар на обвинетиот дека тој е прв што се посомневал дека Вања е киднапирана.
„Би сакал да истакнам дека денеска се изведени докази кои се однесуваат на ваши новинарски извештаи кои се однесуваат на прашањето и околноста кој прв ја известил јавноста за сомнежот дека детето е киднапирано. Тоа е токму мајката. Тоа е евидентирано и во вашите новинарски записи, два часа по објавата на мајката, таа дала изјава и за печатен медиум. Во таа насока, докажуваме дека Александар не може да му се импутира ниту да му се става на товар дека тој е прв кој се посомневал дека детето е киднапирано“, рече додаде Туфегџиќ.
