Македонија

(Видео) „Снимките не се од вечерта пред убиството на Жежовски“ адвокатот тврди дека Видевски признал вина оти бил тепан од полицајци

Бојан Манев, адвокатот на обвинетиот Боре Видевски, тврди дека снимките на кои обвинителката покажа како се гледаат обвинетите слушалки и мотороли, не се од вечерта пред убиството на Панче Жежовски. Тој рече дека вечерта пред убиството, Видевски славел куќна слава.

„Од страна на мојот клиент е кажано дека тие не се снимки од тој ден. Вечерта пред убиството на Панче Жежовски, тоа е ден св. Арангел, тој присуствува на негова лична слава. Тие снимки не се од тој ден. Тоа ќе го видите од исказот на сите. Не верувам дека некој што планира убиство, сам би се снимал“, рече Манев.

Обвинителството на претходното рочиште ги презентираше снимките, за кои објаснувајќи, кажа дека се гледаат пристигнувањето и групирањето на обвинетите за убиството на вечешанецот Панче Жежовски. Снимките се прибавени од надзорните камери поставени на домот на Велибор Манев во Велес.

Претходно, адвокатот посочи дека признанието на вина од Видевски е изнудено со ќотек.

Сведокот детално ја објасни ситуацијата во однос на тоа како полицијата работела за да го изнуди признанието од страна на Боре Видевски. Снимката која беше доставена од наша страна во октомври беше дадена на основа на исказ на сведокот Дејан Димовски. Со неприфаќњето на снимката, Судот го прекрши законот“, рече адвокатот Манев.

ДЕТАЛИ:

Снимки пред убиството на Жежовски: Палевски со слушалка, другите со мотороли – се собрале во домот на Велибор Манев

На почеток