„Неморал и аздисаност“, вели СДСМ објавуваќи сметки за кои тврдат дека се од „гозбите на Кочоска и Мицкоски“


„Неморалот на Кочоска не е само во навредите и дискриминациите кон жените туку и во аздисаното трошење на народни пари“, вели СДСМ и додава:
Денеска ќе објавиме сметки и фактури од времето кога Кочоска била директор за финансии во ЕЛЕМ а Мицкоски директор на истата државна компанија. Јавноста ќе види како со народни пари се плаќале гозби по кафани и ресторани, со потписи на Кочоска и Мицкоски.
Одиме по ред.
1. Ова е фискална сметка од ресторан во Белград, соседна Србија, вредна околу 100 евра, потпишана од Кочоска и Мицкоски. Што се јадело и пиело на сметка на народот: Џони вокер – блек, Дуњовача, Поховани јагнешки шницли, Купус салата, ќебапи, Крвав бифтек, чоколадно суфле, крем пита, „И као да си Анџео“. Потпишани Кочоска и Мицкоски. Кафана во Белград.
Понатаму 2. Ова е фактура за кетеринг услуги, 110 илјади денари во еден ресторан во Скопје. Исто така потпишано од Кочовска и Мицкоски.
3. Еве уште една фактура, 38.000 денари, од еден ресторан во Брвеница. Потпис, Кочоска и Мицкоски.
4. Една минимална плата, едно седнување, 21.270 денари во истиот ресотран.
Истата Кочоска која заедно со Мицкоски не даваат да се покачи минималната плата, им кажуваат на граѓаните и работниците каков грашок да јадат, дали треба цреши и грозје да си купат. Гозби, ручеци, кетернзи. Како да не знаеле да сопрат од кафани и ресторани.
5. Продолжуваме понатаму, нова фактура, 10.500 денари на ЕЛЕМ, сектор финанции, од познат ресторант во Скопје.
6. Уште една, 8.500 денари, ресторан во Брвеница.
7. Па уште една, 9.200 денари. Сите, во време кога со ЕЛЕМ управува Мицкоски а Кочоска е директор за финансии.
Ова е расипничко трошење на парите на граѓаните и аздисано однесување. Лажните “домаќини“ и моралисти парите на народот за по кафани и ресторани ги фрлале. Не им било гајле ниту колку пари ќе потрошат. Ако како први луѓе на ЕЛЕМ вака аздисувале, можеме само да претпоставиме што се случува сега. Кочоска нема морал ниту совест. Кочоска не може да им кажува на работниците дека нема пари за миниминална плата, што може а што не може да јадат. Единствено што не може е Кочовска да води министерството и треба да биде разрешена.
