Коментари

Сестрата на Фросина откако пак е прегазен пешак: До кога ќе не газите?! До кога од улиците ќе правите гробишта?

Се огласи сестрата на починатата Фросина Кулакова која почина на 29 јануари кога беше прегазена на пешачки премин.

Нејзината сестра Росица сега се огласи на Фејсбук споделувајќи вест за уште една млада девојка која што беше прегазена од несовесен возач.

„До кога ќе не газите?! До кога од улиците ќе правите гробишта? До кога ќе броиме жртви, ќе палиме свеќи, ќе плачеме над изгаснатите младости?“ прашува Росица па продолжи со својата објава прашувајќи „уште колку жртви се потребни за нешто да се промени во нашата држава“, но и изразувајќи поддршка за девојчето што е повредено.

Се уште одекнува болката од загубата на мојата сестра… а синоќа уште една жртва. Колку уште? Колку животи треба да бидат згаснати или засекогаш променети конечно нешто да се промени? Ова не е судбина. Ова не е несреќа. Ова е беззаконие, немарност, некултура што убива! Колку уште крв треба да се пролее пред да кажеме ДОСТА Е?!“ пишува Фросина во својата објава на Фејсбук.

Веста за несреќата: https://skopje1.mk/archives/323137

На почеток