Македонија

Петгодишно дете се затруло со лекови, друго земало отров за глувци

На Детското одделение во Општата болница во Кочани синоќа било донесено петгодишно дете од делчевското село Тработивиште, за кое било пријавено дека проголтало неколку таблети.

Детето со медицинска придружба било донесено од Делчево, било во свесна и контактибилна состојба, но поради понатамошна контрола и превентива, дежурниот педијатар го препратил на Детската клиника во Скопје.

Според првичните сознанија, петгодишното дете проголтало таблети кои се користат за регулирање на сонот кај возрасните.

Пред неколку дена, дете од Прилеп е донесено откако зело отров за глувци. Детето сега е во стабилна состојба.

На почеток