(Видео) Кој се среќавал со Груевски во Будимпешта? Мицкоски најави дека ќе излезе со докази


Премиерот Христијан Мицкоски не се сретнал со експремиерот Никола Груевски кој е бегалец и азилант во Будимпешта. Но најави дека со докази ќе обзнани кој се среќавал со него. Спроед Мицкоски, тоа се ексфункционери.
„Не се сретнав, но доколку би се сретнал, ќе бидете информирани. Јас водам политика на принципот – вистината е најточна. Кога нешто ќе се случи, тоа го кажувам. Немам што да кријам, совеста ми е секогаш чистам. Но во име на таа вистина, можам да потврдам, многу скоро со докази, многу голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција на СДСМ и ДУИ се среќавале со Груевски во Будимпешта, за што не даваа искрени одговори, за што јас би дал“, рече Мицкоски.
