Утре Советот ќе бира 47 обвинители


Советот на јавни обвинители на утрешната седница ќе избира четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства.
14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.
Во Основните јавни обвинителства во Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга ќе се избира по еден јавен обвинител.
По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево и Струмица.
Во Основните јавни обвинителства во Куманово, Охрид, Прилеп и Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители.
Во Основното јавно обвинителство Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.
Новите обвинители ја завршија Академијата за судии и обвинители и треба да го ублажи недостатокот од јавни обвинители во целата држава.
