Македонија

Трендафилов е единствениот синдикалец во светот кој е против поголеми плати за работниците и е на политичко дугме на криминалците, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов е единствениот синдикалец во светот кој кога се покачуваа плати во образование и во здравство не излезе да поздрави“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Тој е единствениот синдикалец во светот кој е на политичко дугме на криминалци од опозицијата СДС, ДУИ и Левица.

Тој е единствениот синдикалец кој кога се зголемуваа платите на работниците, а ММФ и Светска банка препорачуваа на владата дека е лош и нерентабилен процес, тој како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците.

Наместо прв меѓу работниците, Трендадилов е прв меѓу олигархијата. Тој е продолжена рака на СДС, ДУИ и Левица.

Трендафилов нема чувство за потребите на работниците. Тој со плата од над 1000 евра нема чувство како е едно просечно семејство да преживува со плата од 500 евра. Тој наместо синдикалец е портпарол на опозицијата и политичка маша.

На почеток