Голем протест: „Белград не го памети ова!“; Снимени маскирани лица облечени во црно, има уапсени


Од вчера попладнето до по полноќ, илјадници белграѓани ги пречекаа студентите кои пристигнуваа од целата земја, пешачејќи, трчаа на штафетен маратон, доаѓаа и со велосипеди, кон главниот град, каде денеска ќе учествуваат на големиот протестен митинг.
„Белград не го памети ова до сега, но отсега ќе се сеќава на оваа младина која ја сврте Србија и, се надевам, ќе ја смени“, вели една постара белграѓанка, бришејќи ги солзите
Поворки студенти пристигнаа од западна Србија, Ниш, Нови Сад, Панчево, Вршац, Суботица, Шабац, Лозница, Уќице, Чачак, Крагуевац… во Теразије беа пречекани со црвен тепих и огномет, а беа наградени со медали за истрајност и посветеност.
Првите поворки почнаа да пристигнуваат во петокот околу 19 часот и 30 минути, а граѓаните ги пречекаа во редица од плоштадот Славија по централната улица Крал Милан, Теразије и плоштадот Репшублика.
„И тие дојдоа од Ниш“ беше текстот на транспарентот зад кој поворка студенти од Ниш се упати кон центарот на Белград кај фонтаната Теразие, придружувајќи им се на своите колеги од Панчево и Вршац попат. Тие беа пречекани со огномет и факели, а граѓаните ги вклучија батериските светилки на мобилните телефони.
Српското МВР (МВП) ноќта меѓу петокот кон саботата соопшти дека имало неколку инциденти за време на нерегистриран студентски собир во Белград, главно насочени кон учесници на друг студентски митинг во Паркот Пионирски, и дека се приведени две лица.
Две лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир, а оштетени се поголем број трактори во паркот Пионер – дупнати гуми, искинати врати, искршени кабини и стакла, еден трактор превртен, а друг истуркан на улица, се вели во соопштението од МВР.
Нова.рс јавува дека утрово во центарот на Белград има голем број полицајци пред трактори кои го оградуваат паркот Пионер. Граѓаните од утрово пристигнуваат од правец на Нов Белград кон центарот на градот, движејќи се во помали групи.
