Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, ќе се читаат исказите на каратистот Видевски


Денеска продолжува судењето за грозоморното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и вечешанецот Панче Жежовски.
На рочиштето ќе се читаат исказите на каратистот Боре Видевски од истрагата.
На последното рочиште, тој негираше вина за двете грабнувања и убиства.
Тој тврдеше дека не договарале киднапирање туку литија против промена на името на МПЦ, за време на убиството на Жежовски бил на работа, а за време на убиството на Ѓорчевска спиел во седиштето на партијата „Десна“ во Скопје и тоа до 10 часот, а потоа си заминал во Велес.
Негираше се што кажал во полициска станица каде што тврдеше бил тепан за да признае и потпише.
По читањето на исказите ќе следи испитување на адвокатите на останатите обвинети.
