Прегазен пешак на булеварот „Никола Карев“ во Скопје се здобил со тешки телесни повреди и итно бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Според информации на МВР, вчера во 18:40 часот патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(51) од Скопје, удрило во пешакот С.З.(79) од Скопје. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој со истото возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот.
