Повторно е блокиран булеварот “Партизански одреди” на потегот од трговскиот центар Сити мол до Ѓорче Петров, најверојатно, поради изведба на градежни работи.
Додека градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и скопскиот татко Петре Шилегов се фалат со светски стандарди при изградба на булеварите, граѓаните не можат да стигнат до нивните домови веќе месец и половина. Решение, нема.
Нервозните возачи велат дека веќе им е смачено со саати да возат за да стигнат дома, но никој не е заинтересиран за нивните поплаки. Блокирани се и алтернативните патишта, со гужва во сообраќајот. Растеретување на гужвата се обидува да направи полицијата, но залудно.
Ова не е прв пат по доаѓањето на новата локална власт улиците да бидат целосно блокирани. Пред месец дена, иста беше ситуацијата и во Бутел