„Ве информираме дека менаџментот на комплексот Македонско село донесе одлука за затворање на комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, пишува на Фејсбук страницата на Македонско село.
Поранешната Влада во изградба на селото вложи 5,2 милиони евра, дополнителни 1,3 милиони евра беа потрошени за внатрешно уредување, 24.000 евра чинеа трите електромобили набавени за пренесување на куферите на гостите во селото, 4.200 евра чинеа патоказите и ознаките за комплексот, 2.700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.
Концесионер на „Македонско село“ е поранешниот градоначалник на Општина Центар и сопственик на „Квинс хотел“ и „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ кој во следните 20 години треба да стопанисува со селото и да плаќа кирија од 3.500 евра.