Жителите околу паркот „Нинберг“ во Ново Лисиче ќе добијат 30 нови паркинг-места, информираат од Општина Аеродром
„Со проширување на веќе постојните паркинзи на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, во изминатиот период се обезбедени дополнителни 50 паркинг-места за граѓаните“, велат од Општината.
Тие додаваат дека тековното одржување опфаќа заменување на старите и дотраени бекатон-плочки на јавните и пешачките површини на ниво на целата територија.
