Делумно облечен скелет од чија облека наѕирал паричник со хрватска лична карта на име на 23-годишниот Иван Љ. е пронајден во саботата во зафрлено поле во околината Маргхере во Венеција.
Стравичната глетка прв ја воочил работник на локалната компанија која изведува работа на објект во изградба.
Пронајдените остатоци се префрлено во мртовечница, со цел да се одреди приближниот час на смртта, но и вистинскиот идентитет на жртвата.
Дека навистина во Хрватска постои лице со тоа име и презиме родено во ноември 1995 година, потврдило хрватското МВР.