Со неприлагодена брзина се вози низ општината Петровец во Скопје. Жителите тврдат дека возачите за да не платат патарина, возат низ нивната општина и создаваат метеж.
“Загрозени се нашата безбедност, лична сигурност и живот. Ваквата состојба е предизвикана поради непочитување на сообраќајните прописи на регионалниот пат”, пишува во јавниот повик за протести.
Нивното незадоволство го изразуваат и на протести, но институциите молчат и не го слушаат нивниот апел.
Тие сметаат дека со масовност и истрајност на собирите, ќе се изборат да бидат чуени од институциите од кои бараат да го решат овој проблем.