Скопје

Пет лица загинаа во страшна сообраќајка синоќа во Скопје

Пет лица ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа на влезот од скопската населба Драчево која се случила синоќа колу полноќ.

При судирот на автомобил и камион загинаа на лице место три лица, а две починале на скопските клиники.

Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.

Според очевидци, споменатиот автомобил „рено 5“, се движел со поголема брзина при што изгубил контрола и директно удрил во камионот за смет.

На лице место биле дојдени возила на полицијата, на итната медицинска помош, противпожарникарски и возила на погребалното претпријатие.

Во текот на денот се очекуваат подетални информации од МВР.

 

На почеток