Скопје

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Внимавајте: Отруени три кучиња во Аеродром, две се борат за живот

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира сите да внимаваат на своите миленици оти во изминатото деноноќие биле отруени неколку кучиња.

„Овие денови сме сведоци на повеќе труења на следниве локации: Позади ОКТА бензиската паркот (до лулашките) , ФФМ и кај паркот на музиката! Отров во виршла завиткан со селотејп! Три кучиња не успееа да се спасат, две се борат за живот, од кој едно е домашно! Внимавајте на вашите домашни миленици и на маалските! Пријавено е во полиција дојдени се на лице место, посочени се лица во кој има сомнеж дека тоа го направиле, се чека до понеделник да се види дали има отисоци“, велат од Анима Мунди.

КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ ДОДЕКА ГИ ШЕТАТЕ ВАШИТЕ МИЛЕНИЧИЊА!!!

На почеток