Скопје

ВИДЕО: Марин вети реконструкција на улици, жителите на Долно Лисиче добија вештачко езеро

Жителите на Долно Лисиче го потсеќаат градоначалникот Златко Марин дека ветил реконструкција на улиците, а сепак, ништо од тоа не било исполнето. Тие се револтирани поради вировите и калта, па коментираат, дека за на работа тргнуваат чисти, а по неколку чекори, тие се со кал до колена.

Прв дождлив ден, а замислете колку ќе ги имаме оваа есен и зима. Добро утро Општина Аеродром"Општина Аеродром…

Posted by Gabi Dodevska on Sunday, October 21, 2018

„Прв дождлив ден, а замислете колку ќе ги имаме оваа есен и зима. Добро утро Општина Аеродром

Општина Аеродром информира дека веќе се обезбедени средства за целосна реконструкција на патот во Долно Лисиче, според високи меѓународни стандарди. Општината е во постојана комуникација со Јавното претпријатие за државни патишта, под чија надлежност е регионалниот пат Јурумлери – Драчево.
По реакцијата на жителите од Долно Лисиче, би сакале уште еднаш да истакнеме дека ја разбираме итната потреба од реконструкција на овој пат. Целта на проектот на кој активно се работи е трајно да се реши проблемот на локалното население и на сите кои го користат патот Јурумлери – Драчево. Токму затоа, самиот проект, предвидува градежни активности и материјали кои се според високи меѓународни стандарди.
Тендерската постапка е во тек и се очекува да заврши до средина на август. Сите предвидени активности ќе се реализираат во најбрз можен рок” – 04.07.2018“, пишуваат по социјалните мрежи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток