Македонија

Од минарето на Алипашината Џамија ќе се запее на Бајрам

Обновената Алипашина Џамија во Охрид свечено ќе биде ставена во употреба на 6 јуни, на годинешниот Рамазан Бајрам, дознава Скопје1.мк од свои извори во ИВЗ.

На отворањето ќе бидат присутни високи гости од властите на Република Турција, а поканети ќе бидат и Премиерот Зоран Заев, дел од министрите како и градоначалникот Константин Георгиески.

Како што јавивме вчера, минарето е  во финална фаза и на него е поставена кровната конусна купола.

Градбата на ова минаре предизвика политички тензии и објектот стана централна медиумска тема.

Алипашината Џамија останала без минаре во минатиот век кога истото е урнато од страна на група граѓани.

 

На почеток