Македонија

Чингоски: Доцна стигна исклучувањето на обвинети за криминал во ВМРО ДПМНЕ

По исклучувањето на Сашо Мијалков од ВМРО ДПМНЕ и прес конфернецијата на која во име на партијата Потпретседателот Александар Николоски јавно јачестита, како што рече „ новата криминална коалиција на Заев и Мијалков“ познатиот охридски адвокат, аналитичар и еден од основачите на СДСМ во Охрид, Владо Чингоски ( кој е познат критичар пред се на СДСМ ) за „Скопје1“ анализира дека ВМРО ДПМНЕ одамна требало да ги отстрани  и јавно да се дистанцира од функционерите кои се обвинети за тешки криминални дела. Чингоски вели дека најавите за помирување не треба да се претворат во општа аменстија на криминалот.

Интегрално анализата на Чингоски.

Секакви анализи на политичката ситуација во РМ е не благодарна и однапред е осудена на грешна проценка од страна на аналичаторот.

1. Погрешна проценка на нивната позиција по прашањето на потпишувањето на Преспанскиот договор ( спогодба) и неговата имплементација.

2. Потценување на меѓународниот фактор и неговата улога во менаџирањето на овој процес.

3. Погрешна проценка на последиците од обвинетите, не само пратеници, туку и други високи поранешни но и актуелни функционери на ДПМНЕ од страна на СЈО и заканите со долгогодишни казни

4. Начинот на автократско раководење со партијата ( и не само во ДПМНЕ тоа е случај со сите партии во РМ) и немање на партиска одговорност за погрешните одлуки и префрлање на одговорноста на други, како и забраната за фракциско делување во самата партија.

Сето тоа доведува до вакви решенија, одлуки кои се огледаат во исклучување на партиски членови и префрлање на вина, но никако до решавање на партиските, а преку нив и државните прашања. Со еден збор, Македонија заради лични, тесно партиски интереси, зачинети со квази руралниот патриотизам, кој се потпира само на патриотски песни и лични интереси е доведовме во ситуација, која можеби е потешка од 1991 и 2001 година.

Не е битно и прашањето на успешноста на референдумот, нити идентитетот, јазикот, битно е кој го решава проблемот и кој ќе ја носи славата и бенифитите од решението. ДПМНЕ ја испушти можноста, не дека не сакаа ваков договор, туку калкулациите беа дека само тие можат да го решат и во време кога тие сакаат.

Но времето им истече и ова прашање мора да се затвори. Друго прашање е дали воопшто треба да се решава еден ваков апсурден проблем кој го наметна Грција. Но каде има сила нема правдина. А факт е дека нашата сила евидентно е помала не само од Грција, туку од целото опкружување. Тоа што сме во право, е само наша сатисфакција. За другите страни, тоа не значи ништо.

Да се вратам на одлуките на ИК на ВМРО ДПМНЕ, исклучени не истомисленици, а потоа и обвинети и за криминал. Па простете но тоа требаше да го направите многу, многу порано, сека е касно.

Крајно, каква и да е постапката за имплементирање на Преспанскиот договор, со уставните измени и со начинот на обезбедување на 2/3 мнозинство, оптимист сум дека на граѓаните на РМ ќе им се отвори некаква перспектива, ќе се види барем мала светлина во оваа темнина. Велам оптимист сум, а како ќе биде ќе видиме.

Се надевам дека најавеното помирување, нема да значи општа амнестија на сите инволвирани во политичките но и криминалните случувања за што впрочем е и основано СЈО, зошто тоа значи дефинитивно не функционирање на правната држава.

И ДПМНЕ и СДСМ, но и сите партии треба да се оградат од членовите кои се обвинети за вакви дела и да и остават на правдата да се справи со нив. Која правда, тоа е друга тема.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток