Коментари

И Најчевска посакува советничко место кај Заев

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека очекува во најскоро време да биде поставена како советничка за балет и сродни уметности во кабинетот на премиерот.

“Очекувам во најскоро време да бидам повикана од кабинетот на Премиерот на мојата нова функција: советничка за балет и сродни уметности.
Преговорите за надокнадата за моите високо-професионални советнички услуги се во тек.
Не се согласувам да имам ни денар помалку од Цветанка Ласкова (со која ќе комуницирам на дневна основа) или од она детето, како се викаше? аааа, да, синот на Нано Ружин од кој очекувам да ме запознае со ноќниот живот по франкофоните метрополи. Со Венко Андоновски не би се дружела. Некако досаден е бре, а и може веднаш да ми се наџитка да ми пишува биографија. Не фала.
Не сум сигурна која ќе биде мојата работа, меѓутоа спремна сум да дадам најдобри и најпрофесионални совети од областа за која појма немам.
Во текот на мојата советодавна работа имам намера да ги посетам сите театри во Европа, Америка, Канада и Австралија со цел што подобро советување на Премиерот ни”, напиша Најчевска на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток