Македонија

Контрола во Штип на возила за јавен превоз, од 92 автобуси дури 61 упатени во Станица за технички преглед

На 12.06.2019 година во периодот од 08 до 13 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на техничка исправност на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, контролирани се 92 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, а 61 биле упатени во Станица за технички преглед.

При контролите констатирано е дека четири имаат неисправен уред за запирање, кај две неисправен бил уредот за управување. Санкционирани се и 35 останати прекршоци.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток