Магазин

(АУДИО) Научните за прв пат го снимиле пеењето на еден од најретките китови на светот

Поморски научници за првпат успеаја да го снимат пеењето на еден од најретките китови на светот.

Проценките се дека во светот останале под сто јапонски китови,. Првпат истражувачите од Националната океанска и атмосферска администрација имаат докази за вокализации направени од мала група јапонски китови во Беринговото Море. Нивното пеење е како  серија звуци што се репродуцираат на стереотипен, редовен начин, што одново и одново се повторуваат. Кај овие китови тоа најчесто звучи како истрел.

За разлика од другите китови, јапонските китови имаат тенденција да се прилично срамежливи кога станува збор за песни, па се придржуваат кон поединечни повици помеѓу членови во групата.

Јапонските китови се познати по тоа што произведуваат гласни звуци како повторени вокализации на песна, останувајќи извонредно конзистентни во текот на годините и низ различни локации.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток