Македонија

(ФОТО)Избрано идејното решение за вечното почивалиште на Тоше Проески, еве како ќе изгледа

Општина Крушево избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески. Автор на истото е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот. Истиот автор победи на конкурсот за уредување на гробот на Проески и пред неколку години, но таа идеја не се реализираше., поради тоа што објектот беше и поголем и поскап.

За изгледот и содржините на идејното решение за почивалиштето на Тоше Проески било консултирано и неговото семејство. Но, сега се потребни пари. Од општина Крушево проценуваат дека изградбата ќе чини околу 150 илјади евра, средства за кои веќе аплицирале до Министерството за култура.

На почеток