Пратеникот Артан Груби од собраниската говорница му се обрати на Зијаден Села, велејќи му „ве истепаа во Собрание затоа што сте кукавица“. Груби му рече дека тие се скандалозна опозиција.
„Народот го поддржува ДУИ, како единствената опција која ги води граѓаните напред“, рече Груби.
Груби му порача на Села дека тие се слуги на измамници кои не му мислат добро на народот, додавајќи дека во 2001 година албанската опозиција ја немало, а албанскиот народ бил оставен на цедило.