Македонија

Филипче се премисли – промена на полот нема да постои на сметка на Фондот и нема да се изведува во јавна здравствена установа

Министерството за здравство вечерва соопшти дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа. Оваа следува откако претходно имаше бура од реакции на социјалните мрежи, по што министерството се повлекува од оваа идеја. Претходно министерот за здравство Венко Филипче на конференцијата за унапредување на правата на ЛГБТ кои и побарале оваа хируршка интервенција да им биде достапна во државното здравство, објави slobodnaevropa.mк.

„Пред неколку месеци на располагање за трансџендер хирургија е врвен експерт кој што работи во развиени европски држави и досега за овие интервенции плаќаа приватно во странство или во наши приватни болници, сега ќе покрива фондот и тие зафати ќе се прават на детската клиника, изјави претходно министерот за здравство Филипче.

Во соопштението кое пред малку беше испратено од министерството до медиумите се вели дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа., стои во соопштението од Министерството за здравство.

Текстот во целост е превземен од: slobodnaevropa.mк

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток