Од 1 јули универзалниот снабдувач ЕВН хоум нема да ја зголеми цената на струјата. Регулаторната комисија за енерегтика (РКЕ) објави дена цената на електричната енергија нема да се менува. Тоа го покажаа пресметките за трошоците од енерегeтските компании ЕВН хоум, МЕПСО и Електродистрибуција.
„Нема промена на цената на струјата, граѓаните можат да останат мирни. Како и што најавивме, нема ниту ценовен шок ниту пак какви било корекции. Сѐ останува како што е досега, нормално освен, што од понеделник 1 јули почнува со работа новиот универзален снабдувач кој ќе им испорачува струја на домаќинствата по регулирана цена“, изјави за Дојче веле, Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.