Три силни земјотреси ја погодија Грција и истите се со епицентар во Јонското море на оддалеченост од околу 46 километри југозападно од островот Закинтос.
Првиот потрес е почувствуван околу 00:22 часот со јачина од 5,1 степен според Рихтер, вториот во 00:54 со јачина од 6,8 степени, а третиот е регистриран во 1:09 со јачина од 5,6 степени. Сите три се на длабочина од 10 километри.
Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, особено во југо-западните делови.