Со последната одлука на РКЕ пред две недели малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 3,62%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемија за 1,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 2,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,00 ден/лит.
На половина од двонеделниот период во кои Регулаторната комисија за енергетика ги носи одлуките за малопродажните цени на нафтените деривати, од светските берзи доаѓаат добри вести, кога станува збор за возачите.
По рекордот на почетокот на месецот, за околу 2 недели, цената се намали за речиси 10 долари за барел и сега се движи околу 76 долари.
Oстанува денеска да ја видиме новата цена на горивата.