Македонија

Заев вели од септември раст на платите, а од јануари и пензиите

„ Откако ги решивме сите големи политички прашања останува да го зголемиме економскиот стандард и главна задача е раст на платите, пензиите и капиталните инвестиции за подиректна благосостојба за сите граѓани“, изјави премиерот Зоран Заев. Тој додаде:

„ Влегуваме комплетно со сите свои перформанси. Тевдовски останува да работи околу мене, веројатно и како советник во тој дел. Следуваат храбри решенија и храбри одлуки, каде бенефит треба да имаат сите граѓани и во делот на социјалниот аспект и во делот на земјоделието и пензиите и платите. Кога веќе се решени сите големи политички прашања на нашата земја останува да го зголемиме економскиот стандард“– изјави Заев.

Премиерот додаде дека наесен е можно да има ребаланс. Најави дека од септември ќе има зголемување на платите во голем дел од јавната администрација, додека од 1 јануари се очекува да се овозможи и раст на пензиите.

Тој изрази уверување дека до крајот на годината ќе имаат доволно финансии и капацитети за зголемување на пензиите од 1 јануари 2020 година.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток