До темел изгоре едриличарскиот клуб “Снегар” кој се наоѓа на популарната “Машка плажа” во Струга. Чадот од пожарот надвисна на струшко-охридскиот регион, а туристите кои беа на плажите го споредуваа со експлозијата на реакторот во Чернобил.
Според нашите извори, целосно уништени се комплетната опрема едрилици, даски за едрење и гумењаци.
Неофицијално пожарот пеплоса 10 едрилици класа “Оптимист”, 2 едрилици класа “Европа”, и неколку едрикици класа “Ласер”.
Спасени се само две три едрилици и еден гумењак.