Специјаланта јавна обвинителка Катица Јанева е снимена додека се разубавува во фризерски салон. Снимките покажуваат како Јанева најпрво ја мие косата, а потоа се фенира.
Локацијата каде е снимена Јанева засега е непозната, а снимките се објавени на фејсбук профил кај девојка која била во истиот фризерски салон. Засега не е познато ниту кога е снимено видеото. Девојката која го снимила видеото, тоа го правело скришно, за да не ја откријат.
Кај корисникот кој ги објави снимките пишува дека живее во Париз, Франција, а дека потекнува од Скопје.
Јанева користи боледување издадено од матичен лекар. Таа не се појавила на своето работно место од минатиот понеделник, кога и поднесе оставка, а истовремено, ги уапсија Боки 13 и Зоки Кичеец.