Македонија

Османи: За некои може да се разговара за помилување, но не и за директните насилници од 27 април

Доколку некои биле колатерална штета во настаните за 27 април, тогаш може да се разговара за нивна амнестија, тие треба да бидат предмет на дискусија на собраниското тело за помирување. Идејата за помирување е благородна, но никако не планираме да промовираме неказнивост”, изјави вицепремиерот Бујар Османи на ТВ Телма.

Тој вели дека директните насилници не смеат да бидат предмет на помилување, како и нарачателите доколку може да се дефинираат, бидејќи тоа е многу комплицирано, изјави синоќа Османи.

Вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го достави до Собранието најавуваниот предлог-закон за амнестија кој треба да ги опфати сите лица кои се осомничени, обвинети или осудени за кривични дела поврзани со настаните од 27 април и минатогодишните насилства во Собранието. Опозицијата бара законот да се донесе по скратена постапка и дека очекуваат поддршка од сите парламентарни партии. Според ВМРО-ДПМНЕ, овој предлог закон е подадена рака за помирување и сега е на потег СДСМ да покаже дека стои зад она што го говори.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток