Македонија

Миле Јанакиески има проблеми со срцето мора да се оперира

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески има проблеми со срцето. Како што дознава КУРИР од негови блиски, Јанакиески мора да биде опериран.

Тој минатата недела имал лекарски преглед, во кој што бил дијагностициран проблем кој барал итна интервенција.

Како што дознава КУРИР, во лекарскиот наод е наведено дека Јанакиески има вродена аномалија, каде што ѕидот на преткоморите е истенчен за 70 % и мора да се направи детално, комплицирано испитување.

Екс-министерот Јанакиески има фамилијатна историја на здравствени проблеми. Дополнително има и покачен холестерол, а треба да се прави и коронарографија.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток