Македонија

Хан: Жалам за јуни, но блиску сте за да направите голем чекор во октомври

Блиску сте за да направите голем чекор во октомври, рече еврокомесарот Хан на денешната пресконференција. Хан додаде дека корупцијата и оранизираниор криминал се главните точки на кои треба да биде фокусирана владата. Еврокомесарот беше дециден веднаш да се преземат чекори и да се обезбеди независно обинителство.

Премиерот Зоран Заев пак истакна дека Еврокомесарот Хан е искрен поддржувач за нашето членство во ЕУ.

Нашите очи се фокусирани на октомври очекуваме ЕУ да го одржи зборот и тогаш да ни даде датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, рече премиерот Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

Тој го рече дека носењето на новиот закон за Јавно обвинителство, како придонес кон владеењето на правото во државата. Никој не  е привилегиран, никој нема да биде амнестиран, порача Заев.Тој заврши со зборовите Македонија се докажа и покажа како земја во која владее правото.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток