Пратеничката Даниела Рангелова во емисијата Отворено 24 изјави дека Мицкоски и рекол дека или ќе продолжи да работи според неговите политики или таа да ја напушти партијата.
„Не знам во каква реалција се Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Од тоа што имам информации дека не се во контакт 4-5 месеци. Не е важно чиво е влијанието важно е да го смените правецот. Ако ве критикуваат граѓаните вие треба дас го смените курсот на однесување. Нека биде апел до актуелното раководство да размисли во кој правец ќе се движи.
Пред 2-3 дена бев кај Христијан Мицкоски, и тој ми рече „Сакам да продолжиш да ја водиш Унијата на жени да ја водиш, но очигледно имаме различни политички ставови. Или ќе продолжиш да работиш според моите политики или ние не можеме да се најдеме тука“. Јас спремна сум да ја прекинам мојата политичка кариера ако тоа го разбуди актуелното раководство. Можеби не сум во право, но ако дојдат парламентарни избори, ако изгубат и ако немаат коалициски капацитет, тогаш некој треба да се извини на членството и да го смени курсот на однесување. Секој ќе ја плати цената за своето политичко однесување“, изјави пратеничката.
Исто така таа изјави дека на своја кожа има почуствувано закани по нејзиниот живот, и животот на нејзиниот син.
„Вакви закани има уште од времето на Шарената Револуција, кога СДСМ сакаше да дојде на власт. Така почна и за жал ескалираше. СДСМ дојдоа на власт, тие сега се опуштени, нема закани кон нас. Сега има проблем од нашето членство, а тоа го почувствував на 30 септември. Беа упатени закани кон мене и син ми, но не се плашам. За ова се виновни политичарите, но и ние пратениците. Луѓето чувствуваат потреба да заштитат нешто, идентитетот и државата и затоа упатуваат закани. Обично членовите го имитираат однесувањето на повисоките членови од партијата. Мислам дека овој говор на омраза, треба час поскоро да заврши“, вели Рангелова.
На прашањето дали и таа треба да биде амнестирана бидејќи е дел од два случаи на СЈО, „Талир“ и „Шамарите во Општина Центар“ одговори:
„Јас кога викам помирување не барам амнестија за себе. Сметам дека немам вина и ќе го докажам тоа. Сметам на друг начин на помирување, да нема поделеност меѓу граѓаните, да испратиме порака до граѓаните, бидејќи иако имаме спротиствени ставови на крај пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пијат кафе и ручаат заедно“, изјави таа.
Според неа, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е пред распад. Тоа е силна организациска структура и силна партија. Јас поднесувам оставка поради несогласување со некои политики и поради гласањето. Реков дека се срамам од мојата одлука во Собранието
Таа не се согласува со неевропските политики на партијата.
„Кај мене последно ја прелеа чашата, кога една актуелна функционерка, претсердателка на една комисија изјави дека „Ниту еден документ на ЕУ не забранува друга земја членка да учествува во други унии, организации и слично. Зошто таква хистерија за ЕУ.“ Тогаш јас се запрашав каде се движи партијата? Тоа беше последното кое разви свест дека можеби е време да прекинеме. Јас ако грешам ќе се извинам, но сакам да разбудам свест дека во погрешен правец ја носат партијата“, вели Рангелова.