ога премиерот ќе ги исполни барањата на Албанците, кои датираат уште од 1991 година. Премиерот треба да каже кога мисли дека треба да се отвори Пандорината кутија, реагира во изјава за ТВ 21 пратеникот на Беса Фадиљ Зендели на изјавата на Зоран Заев дека сега не е време да се предлагаат други уставни амандмани, освен оние поврзани со Договорот од Преспа за промена на името.
„Доколку мисли дека не треба да се отвори, по 27 години оправдани барања од страна на Албанците, по Охридскиот договор од 2001, тогаш премиерот треба да каже кога мисли дека треба да се отворат барањата на Албанците, можеби во 2035 или 2050“, вели Зендели.
Движењето Беса предлага 4 уставни амандмани кои се однесуваат на тоа албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот јазик односно да биде службен на цела територија, државата да се грижи подеднакво за граѓаните од сите етнички заедници кои живеат надвор од нејзините граници, претседателот на државата да не може да го блокира донесувањето на законите со непотпишување и Охридскиот рамковен договор да биде дел од преамбулата на Уставот.
Од Беса велат дека досега не добиле ниту една покана за разговор од премиерот за нивните амандмани.
За пратеникот на ДУИ Артан Груби Беса е мала партија, која не ги познава собраниските процедури.
„Овие пратеници од малите партии, кои што излегоа со овие предлози, гласаа на првото гласање во врска со тоа што ќе се менува во Уставот. Тие и кога гласале не знаеле за што гласаат. Затоа, ова зборува за нивното политичко незнаење во собраниските процедури и уставни измени на РМ“, изјави Груби.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави:
„Нема да дозволиме ширење на Пандорина кутија и никој нема право да го условува влезот на Македонија во НАТО и во Европската Унија, рече Заев за пакетот уставни амандмани доставени од Беса на Касами.
На оваа изјава на Заев реагираше и Христијан Мицкоски на својот твитер-профил.
„Кога Заев веќе се служи со термини произлезени од артефакти врзани за грчката митологија треба да знае дека Пандорината кутија не се шири, туку се отвора. Едноставно е. Исто како што има разлика помеѓу селективна и апсолутна правда, или пак помеѓу уценети и неуценети“.