Актуелно

Антикорупционерите го „чешлаат“ Анѓушев: Вицепремиерот поседува куќи и станови во странство, но и илјадници евра

Потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев за кого антикорупционерите отворија предмет и истражуваат за фирмата „Тополки“ во која управител е Тодор Анѓушпев, брат на вицепремиерот Кочо Анѓушев, поточно за тоа како оваа фирма добила од владата државно земјиште за да гради хидроелектрана има неколку станови, куќи, возила, удели во фирми, депозити кои се проценуваат во илјадници евра.

Анѓушев во анетниот лист пријавил два стана на негово име од кои едниот во Белград, а три во сопственост на неговата сопруга. Тој има и три деловни простории во Скопје, но и куќа во Грција. Анѓушев пријавил и златен накит, моторен чамец, автомобил „ауди“, „ренџ ровер“ и други недвижнини.

Месечно, потпреседателот добива и кирија во износ од 140 илјади денари, но зема и камати по основ на даден заем. Тој поседува и депозити од илјадници евра во две банки во земјава.

На почеток