Корупцијата е болест на општеството што остава последици врз демократијата и ако не се преземат соодветни мерки таа ги руши нејзините темели, изјави денеска во Собранието, претседателот Стево Пендаровски кој се обрати на пленарната сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија.
– Потребно е системско справување со корупцијата во оваа сфера. Случајот „Рекет“ е круцијален тест за правниот систем и мора да се реши до крај. Не смееме да толерираме странични влијанија. Имаме многу малку предвидени случаи за висока корупција и изречени казни. Тоа значи дека овие случаи на висока корупција биле прикривани – рече Пендаровски.
Тој ја охрабри и Антикорупцискста комисија да работи и понатаму.