Првоосомничениот во Рекет ,Бојан Јовановски од Обвинителството каде требаше да даде исказ поради влошена состојба беше пренесен во болницата Осми септмеври..Дали и кога ќе даде исказ засега нема информации.
Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече дека тој повраќал во тоалетот и дека тоа е истото што му се случува последните 40-50 дена додека е во притвор. Обвинителството за овој случај наскоро треба да поднесе и обвинение.
„По направените анализи врз пациентот, во кои не се констатирани посериозни нарушувања на здравјето, тој е пуштен од болницата“, изјави за СДК директорот Костов.
На 4 октомври Апелацискиот суд ја одби жалбата на Јовановски за укинување на притворот и донесување решение за куќен притвор.