Актуелно

(ВИДЕО) Филмско бегство во Русија – скокна од прозорец со радијатор за кој бил заврзан

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како еден маж скока од полициска станица низ прозорец и бега. Тоа можеби не би било чудно да не скокнал од првиот спрат на покрив од автомобил кој бил паркиран одоздола, што му го ублажил падот.

Но, за ситуацијата да биде уште полуда, тој има радијатор врзан со лисици за раката.

Се се случило во Москва, но деталите од целиот случај уште не се познати.

фото: VistaNews

 

На почеток