Македонија

Османи контра Заев – вели дека не смее да се чепкa Законот за јазици

Секој обид за еднострано поместување на балансот во македонско-албанските односи кој е постигнат со многу труд, со многу жртва од двете страни за денес да зборуваме за функционална мултиетничка демократска држава ќе отвори магичен круг и спирала која комплетно ќе не помести од патот на кој сме тргнале. Ова го порача вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

„Венецијанската комисија нема предрасуди по тоа дали има или нема капацитетит затоа што некои чинители така и претставиле. Но Венецијанската комисија не е супер маркет каде што може да бирате дали овој продукт ќе го земете, а другиот ќе го оставите . Венецијанската комисија вели, да, да има потешкотии во судството затоа што нема капацитети, но вели да, можете да употребите двојазчинот во банкнотите. И не може вие да отворите дебата за судството а да не отворите за двојазичноста за банкнотите,“ изјави Османи.

Според Османи законот е добар и не треба многу да се менува освен во делот од членот 8 што се однесува на двојазичност на пари и војнички униформи за кој вели дека Венецијанската комисија позитивно се изјаснила.

-Секој пристап треба да биде инклузивен и тоа го констатира Венецијанската комисија дека не смее да има никаков обид за поместување на тој баланс, еднострано, односно без согласност на сите етнички заедници, пред се на двете етнички заедници, затоа што тоа е основа на Охридскиот рамковен договор преку двојното мнозинство, односно преку Бадентер, рече Османи на денешната прес-конференција.

Османи коментирајќи ги одлуките на Венецијанската комисија, посочи „колку што ни е важен јазикот, толку ни е важна и правната држава“.

Спротивно на оваа изјава на Османи, премиерот Заев вчера истакан  дека сите забелешки што се ќе ги адаптираме.

„Министерството за правда ќе ги подготви измените по што уште еднаш ќе ги испратиме да кажат дали тоа е тоа и ќе го пуштиме во Парламентот“, најави Заев.

фото: Архива

На почеток