Актуелно

(ВИДЕО) „Трио Џентлмен“ не израдува со нова Божиќна песна

„Трио Џентлмен не израдува со нова Божиќна песна. Триото е составено од професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимагловски – тенор. Музиката е на Миле Наумоски, а аранжманот на Сашо Спасовски, додека текстот го напиша Марина Лотеска.

По урнекот на светските поп-класични состави, тие се трудат овој жанр на пеење првпат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар, освен класичните композиции, се наоѓаат и најголемите светски поп-хитови изведени во класичен поп-манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и, секако, македонското творештво.

фото: prtsc You Tube

На почеток