Слајдер

(ФОТО) Драматичен финиш, но голема победа – Македонија ја совлада Украина

Драматичен финиш, но голема победа за Македонија. Нашата репрезентација со победа го започна Европското ракометно првенство, совладувајќи ја Украина со 26-25. Македонија победата ја извојува во крајно драматична завршница.

Нашата репрезентација водеше скоро во текот на целоиот натпревар, но невнимани поготово на крајот од второто полувреме направи напната ситуација кога дозволивме да има неизвесна завршница. Но, капитенот Кире Лазаров беше човек на одлука постигнувајќи го победничкиот погодок во последните секунди од второто полувреме.

Најефикасни во македонскиот национален тим беа Лазаров со осум гола и осум асистенции, а Манасков постигна шест гола. Блескаше меѓу стативите Митревски.

 

На почеток