Актуелно

(ВИДЕО) Радикалното движење Талибан ја превзеде одговорноста за уривањето на авионот во Авганистан

Радикалното движење Талибан во порака за медиумите ја презема одговорноста за уривањето на авионот во источен Авганистан, и притоа додаваат дека собориле американско воено летало.

Портпаролката Бет Риордан изјави дека е нејасно чиј авион учествувал во несреќата.

Сепак, снимките што се појавија на социјалните мрежи и наводно потекнуваат од местото на несреќата прикажуваат остатоци од авион „бомбардиер Е-11А“ што го користи американската војска за електронски надзор над Авганистан.

Локалните авганистански власти претходно соопштија дека станува збор за авионска несреќа на националниот авиопревозник „Аријана ерлајнс“, чиј авион се урнал на подрачјето на талибанците. Сепак, во објавата на „Фејсбук“ од „Аријана ерлајнс“ стои дека ниеден од нивните авиони не се урнал.

https://www.facebook.com/flyariana/posts/1778722878928993

Локалните власти известија дека авионот се урнал околу 13.10 часот по локално време во областа Дех Јак, на речиси 130 километри југозападно од главниот град Кабул.

На почеток